20.2 C
Shtip
spot_img

Имаат повеќе бактерии отколку на веце школка – три места во домот што мора да ги чистите најмалку еднаш неделно

Истражувањата покажуваат дека површините во домот го носат „микробиомскиот отпечаток“ на неговите жители, микробите од нашите раце се пренесуваат на предметите и обратно. Ако редовно не ги чистиме овие мали, но често користени површини, бактериите се пренесуваат со неверојатна леснотија.

Домот може да изгледа беспрекорно, подот да сјае, полици да се средиени, а кујната да мириса на свежо и чисто. Но, под таа привидна чистота често се кријат милиони невидливи бактерии, кои секојдневно доаѓаат во контакт со нашите раце, храната и предметите што ги користиме.

пекселс

Научниците предупредуваат дека токму овие „незабележливи“ места можат да бидат жариште на инфекции и непријатни мириси, па затоа заслужуваат посебно внимание.

Далечински управувач – најситниот, а највалкан предмет во домот

Иако изгледа безопасно, далечинскиот управувач е еден од најконтаминираните предмети што секојдневно ги допираме.

Истражување на Универзитетот во Аризона покажало дека токму управувачите во болничките соби имале повеќе бактерии од која било друга површина, дури и повеќе од WC-шолјата.

Според анализата објавена на HealthDigest, на еден далечински управувач можат да се најдат и до 20 пати повеќе бактерии отколку на тоалетна школка.

Причината е едноставна додека гледаме телевизија, често јадеме, ги префрламе каналите или одмараме, без претходно да ги измиеме рацете.

Бактериите се задржуваат меѓу тастерите, каде што ретко се чисти.

Совет: Избришете го далечинскиот барем еднаш неделно со мека крпа натопена во изопропил алкохол или со благо дезинфекциско средство, посветувајќи внимание на тастерите.

Кваките на вратите – секојдневен преносник на микроби

Колку пати дневно допираме квакa, а без да ги измиеме рацете? Повеќе отколку што мислиме. Кваките се постојано во контакт со повеќе луѓе, што ги прави една од највалканите површини во секој дом.

Истражување објавено во „International Journal of Current Microbiology and Applied Sciences“ покажува дека над 90% од кваките на јавни простории содржат потенцијално патогени бактерии.

Научниците потсетуваат дека бактериите се задржуваат на металните површини со часови, а во топла и влажна средина можат и да се размножуваат.

Совет: Сите кваки во домот бришете ги најмалку еднаш неделно со крпа од микровлакна и антибактериско средство. Особено е важно во период на настинки и грип, кога ризикот од пренос на вируси е најголем.

Канта за ѓубре – скриен извор на зараза

Без разлика колку често ја празниме, кантата за ѓубре е постојан извор на бактерии и непријатни мириси. Остатоци од храна, течности и маснотии кои се слеваат низ рабовите создаваат идеално место за развој на микроби и мувла.

Експертите од Scientific American предупредуваат дека во топлите месеци бактериите во кантите за отпад се размножуваат дури и до десет пати побрзо, што дополнително ја зголемува концентрацијата на непријатен мирис и потенцијални патогени.

Совет: Испразнете ја и измијте ја кантата барем еднаш неделно со средство за дезинфекција, внимавајќи да ги исчистите и рабовите и подлогата каде што се собираат остатоците.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img