25.3 C
Shtip
spot_img

Лазаров го враќа Манасков во репрезентацијата

Репрезентацијата ќе биде на мини во Скопје и ќе одигра два контролни натпревари со Јапонија – првиот на 30 октомври (од затворен тип) и вториот на 1 ноември од 16:30 часот во салата „Автокоманда“.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот од 20 ракометари за претстојната ЕХФ-недела. Репрезентацијата ќе биде на мини подготовки во Скопје и ќе одигра два контролни натпревари со Јапонија – првиот на 30 октомври (од затворен тип) и вториот на 1 ноември од 16:30 часот во салата „Автокоманда“.

По подолга пауза, во националниот тим се враќа левото крило на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој се наоѓа во одлична форма.

Повикот од Лазаров добија: Мартин Томовски, Никола Митревски, Иван Галевски (голмани), Дејан Манасков, Иван Џонов (леви крила), Ненад Костески, Александар Петровски (десни крила), Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски (леви бекови), Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Филип Николов (десни бекови), Мартин Ивановски, Игор Ѓорѓиев, Дамјан Митев (средни бекови), Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис (пикери) и Михаил Аларов (дефанзивец).

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 27 октомври во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img