23.3 C
Shtip
spot_img

Земјотрес со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит

Во морскиот дел јужно од грчките острови Касос и Родос, кусо пред 2 часот по полноќ, беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување за можно цунами и побарано од граѓаните веднаш да се оддалечат од крајбрежјето.

Земјотресот беше почувствуван како на Родос и Касос, така и на Крит, без при тоа да предизвика материјална штета.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ рече дека конкретниот земјотрес не е поврзан ниту со оние во близина на Санторини, ниту со оние во Турција и нагласи дека нема потреба од загриженост, јави МИА.

Посочи дека главната карактеристика на земјотресот е што фокусната длабочина е 60 километри и според него, на оваа длабочина, земјотресите се случуваат еднаш, односно нема ниту претходна, ниту последователна серија земјотреси.

Во однос на превентивната порака од 112 за можно цунами, Лекас објасни дека земјотрес со оваа јачина може да предизвика цунами и никој не може да знае со сигурност.

  • Во суштина немаме пробив на дното, пробивот не го достигнува дното, затоа немаме цунами. Сепак, цунами може да се создаде од подводни лизгања на земјиштето, кои можат да се појават во морето и затоа добро е да се испрати сигнал, дури и ако нема доволно голема веројатност да видиме такво цунами. Сепак, во секој случај, мислам дека нема причина за загриженост. Разговарав и со градоначалниците на областите и ми рекоа дека барем со досега достапните податоци, нема штета, истакна претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција.

━ повеќе содржини

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...

Фатен на дело: Штипјанец подметнувал пожар

Лишено од слобода лице во штипско, затекнат е како потпалува сува трева, следува пријава На 11.06.2026 во 12:30 час во с.Долни Балван, штипско, полициски службеници...

Един Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, доби посебен подарок во пресрет на настапот на Светското првенство. Познатото креативно студио Swithadot претстави...

Признание за научната извонредност на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип

На денешната промоција на проектот „Академско рангирање АРБУ (Academic Ranking of Balkan Universities)“, одржана во Стопанската комора на Северна Македонија, беа презентирани резултатите од...

Изгаснат е пожарот што вчера изби над Штип

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи...
spot_img