3.7 C
Shtip
spot_img

Земјотрес со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит

Во морскиот дел јужно од грчките острови Касос и Родос, кусо пред 2 часот по полноќ, беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување за можно цунами и побарано од граѓаните веднаш да се оддалечат од крајбрежјето.

Земјотресот беше почувствуван како на Родос и Касос, така и на Крит, без при тоа да предизвика материјална штета.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ рече дека конкретниот земјотрес не е поврзан ниту со оние во близина на Санторини, ниту со оние во Турција и нагласи дека нема потреба од загриженост, јави МИА.

Посочи дека главната карактеристика на земјотресот е што фокусната длабочина е 60 километри и според него, на оваа длабочина, земјотресите се случуваат еднаш, односно нема ниту претходна, ниту последователна серија земјотреси.

Во однос на превентивната порака од 112 за можно цунами, Лекас објасни дека земјотрес со оваа јачина може да предизвика цунами и никој не може да знае со сигурност.

  • Во суштина немаме пробив на дното, пробивот не го достигнува дното, затоа немаме цунами. Сепак, цунами може да се создаде од подводни лизгања на земјиштето, кои можат да се појават во морето и затоа добро е да се испрати сигнал, дури и ако нема доволно голема веројатност да видиме такво цунами. Сепак, во секој случај, мислам дека нема причина за загриженост. Разговарав и со градоначалниците на областите и ми рекоа дека барем со досега достапните податоци, нема штета, истакна претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција.

━ повеќе содржини

„Виз Ер“: Летовите до и од Саудиска Арабија, Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман се суспендирани до 7 март

„Виз Ер“ во својот официјален став потврдува дека поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7...

Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг...

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

Настапот против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа...

Цените на нафтата би можеле да „експлодираат“ после нападите врз Иран

Цените на нафтата нагло пораснаа утрово, додека берзите паднаа во раното тргување, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран во текот на викендот. Цената...

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците...
spot_img