Завршено е асфалтирањето на новата паркинг површина во населбата Сењак, која е наменета за потребите на жителите од околните станбени згради. Со оваа активност значително се подобруваат условите за паркирање во населбата, се зголемува безбедноста и се уредува просторот што претходно беше неуреден.

Новата паркинг површина ќе овозможи поголем број паркинг места за станарите, со што се олеснува секојдневното функционирање на жителите. Овој проект е дел од заложбите за подобрување на инфраструктурата и создавање поуредена и покомфорна урбана средина.

Локалните власти најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за уредување на јавните површини и подобрување на условите за живот на граѓаните







