Интервентниот кардиолог д-р Сашко Кедев истакнува дека гладувањето е исклучително корисен начин на живот, бидејќи делува антиинфламаторно и го прочистува телото и умот.
Според него, наједноставниот и најефективен принцип е невечерање, односно последниот оброк да заврши најдоцна до 16–17 часот, по што се консумира само вода до следното утро. Вели дека ваквата практика го намалува внесот на калории, ја поттикнува менталната дисциплина и допринесува за подобри здравствени прогнози.
Кедев наведува дека оваа практика е позната уште од древните цивилизации и е присутна во сите големи религии, што според него е доказ за нејзините долгорочни позитивни ефекти.
Лично, тој го применува овој режим секојдневно – со завршување на последниот оброк рано попладне и гладување до следното утро.







