22.1 C
Shtip
spot_img

“Гитарска поворка во чест на Тоше Проески” утре во Штип

Утре (среда) со почеток од 19:30 часот, на шеталиштето Ванчо Прке во Штип ќе дефилира “Гитарска поворка во чест на Тоше”. Настанот е герила акција од организаторот, како увертира на трибјут концертот за Тоше Проески кој ќе се одржи на 21.август во Дом на млади во Штип.

Во “поворката” ќе учествуваат музичари, гитаристи, граѓани на Штип кои ќе интерпретираат композиции од нашата музичка икона Тоше Проески.

Организаторите ги повикуваат граѓаните на Штип утре слободно да се приклучат на поворката на “едносмерната” и да го збогатат настанот. Носењето на инструмент не е задолжително.

Ова ќе биде своевидна најава на големиот концерт следниот четврток, а денес пристигна веста дека специјален гостин на концертот ќе биде српската мега ѕвезда Александра Радовиќ.

━ повеќе содржини

Совесни Штипјани нашле повреден штрк и го однеле во ЗОО Паркот Бриони

Штипјани нашле повреден штрк, па го однеле во ЗОО Паркот Бриони, објавија од штипското ЈП Исар на социјалните мрежи: Вчера вечер во ЗОО Паркот, совесни...

Казните за сообраќајни прекршоци во соседна Грција ќе се наплаќаат на граница

Нови сообраќајни казни со високи суми, а за некои и доживотен затвор во соседна Грција. Во земјата, омилена дестинација за повеќе туристи, Грција, од 13...

Денес се празнува откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на...

Летен туризам на Балканот: Кој заработува најмногу од туристите?

Летниот туризам во Југоисточна Европа одамна го надмина сезонскиот бизнис и стана еден од најважните економски столбови во многу земји од регионот. Од бреговите...

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!

Викендов (сабота и недела 16/17 август) во нашата Република Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер....
spot_img