20.1 C
Shtip
spot_img

“Генералка викенд 2026” – во Штип на 09.Мај (сабота)!

Општина Штип и УГД заедно во „Генералка Викенд 2026“ – голема еко акција за почиста иднина

Општина Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“ се приклучуваат на најголемата еколошка волонтерска акција во државата – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026, која ќе се реализира на 9 мај 2026 година (сабота), со почеток во 10:00 часот.

Во рамки на акцијата во Општина Штип ќе се чисти на локација во близина на Мирјанина црква и патот кон Шашаварлија со почеток во 10.00 часот, како и на повеќе локации во градот и универзитетските кампуси.

📍 Локации во УГД Штип: Кампус 2 – УГД Штип и Кампус на Економски факултет – УГД Штип

Во акцијата ќе бидат вклучени припадници на АРМ, вработени во МВР, јавните претпријатија и локалната самоуправа, приватни општествено одговорни компании, велосипедисти, извидници, како и голем број граѓани, студенти и волонтери.

Во основните и средните училишта, како и на Земјоделскиот и други факултети при УГД, активностите ќе се реализираат во рамки на училишните и факултетските дворови, каде учениците, студентите, наставниците и професорите заедно ќе учествуваат во акцијата.

Ги повикуваме сите граѓани, студентите, професорите и целиот академски кадар да се приклучат на оваа значајна иницијатива и заедно да испратиме силна порака за општествена одговорност, грижа за животната средина и активизам кај младите.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img