21.2 C
Shtip
spot_img

Брегалница во недела на “Градски” го игра натпреварот на сезоната!

Во недела (10.05) на градскиот стадион во Штип се игра дербито на втората македонска фудбалска лига и директен дуел за пласман во прва лига помеѓу домаќинот ФК Брегалница и гостите Шкендија од Арачиново.

Од управата на штипјани, ја повикуваат целата спортска јавност да дојдат, да дадат поддршка во најважниот натпревар од сезоната во кој може да се избори пласманот во прва лига.

Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи одигран во населба Синѓелиќ, Скопје, беа видени немили и неспортски сцени, притисоци, закани и физички напади од страна на арачиновци. Од таборот на ФК Брегалница, повикуваат и апелираат на фер и коректно навивање и поддршка за сините момчиња.

Натпреварот ќе се одигра со почеток од 16:00 часот, а ФФМ го прогласи како натпревар со висок ризик, па присуството на редари и полициски формации ќе биде засилено. Исто така, најавено е и присуство на гостински навивачи.

━ повеќе содржини

Штипјанецот Горан Тонев промовираше нова песна!

"Со голема возбуда сакам да ви ја споделам мојата нова песна "Да си со мене" која ја снимивме со Јордан Манов. само неколку дена пред да...

“Генералка викенд 2026” – во Штип на 09.Мај (сабота)!

Општина Штип и УГД заедно во „Генералка Викенд 2026“ – голема еко акција за почиста иднина Општина Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“ се приклучуваат на...

Гигантот SPAR пристигнува во Македонија – ново шопинг искуство

Малопродажниот гигант SPAR ги отвора своите први маркети SPAR во Џевахир Мол и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје со што најавува...

Почна снимањето на “Снешко” – нова македонска тинејџерска хит серија!

„Дрим Фектори“ го отпочнува снимањето на „Снешко“ – тинејџерска бајка за девојка која никогаш не видела снег. „Снешко“ е драма за едно тинејџерско созревање со...

Зеленчук што е поздрав кога термички ќе се обработи

Сè поголемиот интерес за сурова исхрана отвори дебати околу тоа дали хранливата вредност на намирниците се губи со готвењето. Сепак, бројни истражувања покажуваат дека термичката...
spot_img