29.4 C
Shtip
spot_img

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!

Викендов (сабота и недела 16/17 август) во нашата Република Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник (18 август) во попладневните часови на повеќе места во нашата Македонија ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во Скопскиот регион, особено во понеделник (18 август) во попладневните часови ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски за 3 до 4 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминатите денови, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 33/34 степени.

━ повеќе содржини

Совесни Штипјани нашле повреден штрк и го однеле во ЗОО Паркот Бриони

Штипјани нашле повреден штрк, па го однеле во ЗОО Паркот Бриони, објавија од штипското ЈП Исар на социјалните мрежи: Вчера вечер во ЗОО Паркот, совесни...

Казните за сообраќајни прекршоци во соседна Грција ќе се наплаќаат на граница

Нови сообраќајни казни со високи суми, а за некои и доживотен затвор во соседна Грција. Во земјата, омилена дестинација за повеќе туристи, Грција, од 13...

Денес се празнува откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на...

Летен туризам на Балканот: Кој заработува најмногу од туристите?

Летниот туризам во Југоисточна Европа одамна го надмина сезонскиот бизнис и стана еден од најважните економски столбови во многу земји од регионот. Од бреговите...

Денес во касарната “Јане Сандански” во Штип – Презентација на новите лесни оклопни возила за Армијата

Во касарна „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе бидат презентирани нови 29 лесни оклопни возила JLTV од Соединетите Американски Држави. Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за...
spot_img