26.1 C
Shtip
spot_img

Викендов Штип ќе биде епицентар на модата!

Најновото издание на Shtip Fashion Days ќе се одржи викендов, поточно на 17ти (петок) и 18ти (сабота) април во Штип.

Мода, гламур и трендсетерство се епитетите кои ќе го опишат Штип овој викенд. Нашиот град, надалеку познат како град на текстилот ќе се покаже во најдобро модно светло и ќе го оправда тој епитет. Место на одржување на настанот: Трговски центар – Rooftop!

Штип повторно ќе блесне во знакот на модата и креативноста. Овој викенд градот кој сè почесто го нарекуваат македонскиот Милано ќе пулсира во ритамот на стилот, младоста и инспирацијата благодарение на третото издание на „Shtip Fashion Days“.

На прес-конференција за медиумите, секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова, информираше дека модниот настан ќе се одржи на 17 и 18 април во централното градско подрачје во Трговскиот центар во Штип, кој ќе се претвори во вистинска модна сцена.

Овој викенд сите патишта водат кон Штип, каде ќе бидат претставени осум ревии создадени од поголемите штипски компании, како и од млади дизајнери кои добиваат можност да ја претстават својата креативност пред пошироката јавност. Посебен акцент годинава се става на младите таленти кои носат свежина и нова енергија на сцената.

Настанот ќе започне со ревија на 15 студенти од приватните и државните универзитети во земјава, кои ќе ја отворат модната приказна со своите оригинални идеи и визии. Студентот кој ќе ја добие наградата за најдобар моден дизајн ќе има можност на следното издание на „Shtip Fashion Days“, кое ќе се одржи наесен, да се претстави со сопствена колекција.

Се очекува голем број посетители, а особено помладата публика која ќе придонесе за динамична и современа атмосфера. Штип овие денови не е само град, туку место каде модата се живее и се создава со љубов.

━ повеќе содржини

Првиот уписен рок на УГД Штип ќе трае од 19 до 21 август

Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце...

Една билка може да помогне против комарците на балконот

Со топлите летни вечери доаѓаат и комарците, кои често го прават непријатен престојот на балконот или во дворот. Цитронелата е едно од природните решенија...

Дејан Митров со ново златно одличје на пеливански турнир!

Дејан Митров со уште едно злато на Меѓународниот Турнир во Пеливанско борење во Пласница. Во Пласница се одржа голем Меѓународен турнир во Пеливанско борење каде...

Официјално: Елвир Мекиќ и Јован Јованов потврдени настапувачи на “Пастрмалијада 2026”

Програмата за годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“ станува сè побогата. Покрај веќе најавениот настап на регионалната музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, Општина Штип откри уште...

Бугарите ја барале Кавала, ги нуделе Штип и Кочани – Се одбележуваат 113 години од поделбата на Македонија во Букурешт

Пред 113 години, во Букурешт, на денешен ден, потпишан е договорот за поделба на Македонија. Во преговорите, името Македонија не се ни споменува, но...
spot_img