17 C
Shtip
spot_img

Штипјанецот Љупче Михајлов трет на Светската младинска лига во Пореч!

Сјајни вести доаѓаат од Хрватска.

Македонското карате доби нова голема надеж – Љупче Михајлов се искачи на пиедесталот на Младинската светска лига во Пореч, освојувајќи бронзен медал во конкуренција од најдобрите млади каратисти во светот!

Михајлов оствари пет импресивни победи над врвни ривали од:
Холандија, Чешка, Австрија, Полска и Словачка, покажувајќи карактер, подготвеност и исклучителна борбеност.

Во полуфиналната борба, Љупче се соочи со актуелниот светски и европски младински шампион, Питсул од Украина. Во исклучително изедначен и динамичен дуел, Михајлов водеше двапати, но сепак беше поразен со минимални 5:3, што ја потврди високата класа и конкурентност на македонскиот каратист.

„Ова е огромен резултат и уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат. Нашата цел останува јасна – медал од Европско и Светско Првенство. Презадоволни сме од настапот на Љупче,“ истакнаа тренерите Жарко и Сашко Арсови, кои стојат зад успехот како водечки имиња на Карате клубот Штип.

Одличен настап имаше и Мила Панчева, која забележа победа над каратистка од Молдавија, а во следната борба беше елиминирана од натпреварувачка од Италија по судиско гласање при резултат 0:0 – уште еден показател за високото ниво на конкуренција.

━ повеќе содржини

Театарски фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип од утре до 15 септември ќе се одржи 13. издание на Театарскиот фестивал за деца и...

Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство

Претседателот на „Ферари“ и групацијата „Стелантис“, Џон Елкан, се согласи на една година општествено корисна работа и, заедно со својот брат и сестра, ќе...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во јужниот дел на грчкиот остров Евија – почувствуван и во Атина

Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на пет километри северозападно од местото Неа Стира на Евија на длабочина од 13,6 километри. Земјотресот...

Апел од Стопанската комора по големиот пожар во Виница: Поддршката на Макпрогрес е поддршка за македонската економија

В петок, 12 септември 2025 година, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој ќе треба да се...

Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој. Сè се случило за време на снимањето...
spot_img