31.9 C
Shtip
spot_img

ШТИПЈАНЕЦОТ САШКО МИЦЕВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Филмскиот и ТВ-монтажер и дизајнер на звук Сашко Мицевски е именуван од Владата за в. д. директор на Агенцијата за филм. Тој доаѓа на местото на Вероника Бучковска, која беше именувана на 17 декември лани.

Мицевски, (чие авторско име е Сашко Потер Мицевски) студирал филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, а во 2015, како добитник на стипендија од Министерството за образование и наука (МОН), заминува на постдипломски студии на Националната школа за Филм и телевизија во Англија и работел на филмови прикажани на реномирани меѓународни фестивали.

Неговото професионално искуство опфаќа работа во Англија на проекти за „Би-Би-Си“ и филмови во продукција на „Пајнвуд студиос“ како и авторски ангажмани во постпродукција на македонски аудиовизуелни дела, меѓу кои и ТВ сериите „Преспав“ и „Куќен притвор“. Во 2020 го режираше кусометражниот документарец „Сите ќе умреме“, а во 2013 „(Вон)земјанинот Ли“.

Добитник е на бројни награди, меѓу кои награда од Ројал телевижн сосаети и номинација за Дејтајм Еми.

Во 2020 година, со сопствени средства го возобновува тонското студио на Филмскиот центар „Вардар филм“, а од истата година е и член на Филмскиот совет на Агенцијата за филм.

Лани во ноември беше избран и за член на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img