Штипајнецот Милорад Ангелов овој викенд успешно го искачи врвот Атос во Грција, кој е има 2030 м.н.в.
Света Гора или официјално Автономна Монашка држава Света Гора на третниот крак на полуостровот Халкидик. Како што вели Ангелов едно прекрасно доживување со ноќевање и литургија во прекрасниот манастир Хиландар.
Света Гора или Атос воедно е име и на познатата планина Света Гора на полуостровот по која е наречена монашката држава. Во областа се сместени над 20 православни манастири во рамките на автономна држава под грчки суверенитет.
Ангелов упати голема благодарност до Отец Нектариј кој им дал благослов да бидат дел од светата земја, благодарност и до Отец Андреј за советите за духовност и вредности на животот, кој треба да ги негува секој од нас, на сите браќа монаси вели Ангелов.
За штипјанецот Ангелов ова е голем успех, а тој исто така се заблагодари и на Драган Кузмановски кој вели дека без него ова патување би било незамисливо, како и до Мики, Љупче, Давид и нивната посебна енергија за време на нивното патување.