15.7 C
Shtip
spot_img

Штипските пожарникари од ДПД на меѓународна сцена: нови предизвици и партнерства во Хрватска

Членовите на ДПД-Штип продолжуваат да ја градат својата приказна со нови искуства, предизвици и пријателства надвор од границите на државата. Заедно со колегите од ДПД-Кочани и ДПД-Архангел, тие вечерва заминаа на учество на меѓународен натпревар во противпожарни вештини во Хрватска.
Настанот, организиран од ДВД Опчине Марчана, ќе собере екипи од повеќе земји, нудејќи можност за размена на знаења, усовршување на вештините и градење на силни меѓународни врски меѓу доброволните противпожарни друштва.
Под мотото „Кон нови авантури и нови запознавања“, штипските пожарникари уште еднаш покажаа дека заедништвото, тимската работа и посветеноста се клучот за успех – како на терен, така и надвор од него.
Ова учество претставува уште еден чекор напред во афирмацијата на македонските доброволни противпожарни друштва на меѓународната сцена, со јасна порака дека заедно сме посилни.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img