Во Основниот суд во Штип денес ќе се изнесат завршните зборови за убиството на 79 годишната Борјанка Николова. Ќе се спротистават аргументите на двете страни, по што Судскиот совет на чело со судијката Јулијана Неткова ќе се произнесат со судска одлука. Станува збор за убиство извршено во есента минатата година, а делови од телото на Николова искасапени беа пронајдени на неколку локации. Денис Асанов кој има 74 години досега категорично одбива вина, но нема соодветно објаснување како делови од телото на Борјанка завршиле во неговиот двор.
Во потрагата по Борјанка и при претрес на неговиот дом полицијата пронашла доволно аргументи за обвинение, но и открила настраности кај Асанов. Во неговиот кревет, меѓудругото била пронајдена и женска кукла со нормални димензии на жена во интимна облека.







