Дамјан Давков освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада (ЕМО) што се одржува во Вилнус, Литванија. Воедно, тој ја предводи табелата на најдобри натпреварувачи делејќи го првото место со Маргулан Шарел од Казахстан. Со тоа станува севкупен победник на првата ЕМО. Од Македонија сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен – Леонид Тодороски. Во екипен пласман е освоено високото 6. место според бројот на одличја, после Казахстан, Украина, Бугарија, Франција и Грузија. Во нашата репрезентација учествуваа и Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски, а го предводат Илија Јовчески, водач и Лука Хаџи Јорданов, заменик водач.
На натпреварот учествуваа 124 натпреварувачи од 19 земји од Европа. Целта е Европската математичка олимпијада e да се организира како бесплатен натпревар исклучиво за европските земји. Идејата е настанот да ги собере младите математичари од цела Европа и да им обезбеди подготовка на високо ниво за Интернационалната математичка олимпијада. Светскиот натпревар годинава ќе се одржи од 10 до 21 јули во Шангај, Кина.







