11.4 C
Shtip
spot_img

Штипската машка одбојкарска екипа најави европско деби

Во прилог, во целост го пренесуваме комплетното известување до јавноста од страна на клубот:

Со задоволство ја информираме јавноста дека раководството на нашиот клуб аплицираше за учество во Европскиот Челинџ Куп. Ова ќе биде деби за нашиот колектив во едно меѓународно натпреварување, со што честа, а и возбудата е уште поголема.

Со ова, ОК Штип УГД ќе го промовира градот Штип, одбојката и спортот воопшто на меѓународна сцена.

Ждрепката за сите европски натпреварувања, вклучително и Челинџ Купот ќе се одржи на 15.јули во седиштето на ЦЕВ во Луксембург.

Подетални информации следуваат во деновите што следат…

Инаку, потсетуваме дека ОК Штип УГД годинава по втор пат го освои националниот куп и беше финалист во првенствениот дел каде загуби од ОК Струмица и заврши како вицешампион на Македонија во машка одбојка.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img