2.5 C
Shtip
spot_img

Штип е подготвен за почеток на новиот формат на Д-Фестивал!

Штип е подготвен од денеска да ги пречека илјадниците посетители на традиционалниот Д фестивал (The Festival), кој 14 години се одржуваше во Дојран, а годинава за првпат во Штип. Годинашниов фестивал има и хуманитарен карактер, иако влезот за сите музички и други програмски содржини е слободен.

Организаторот „Пасворд продукција“ најави дека ќе има хуманитарни билети, а сите средства ќе бидат наменети за настраданите во пожарот во Кочани.

Оваа година, нема да има камп за посетителите, а сите музички настани ќе се реализираат во кругот на Градскиот стадион во Штип, и тоа на помошниот терен. Веднаш до автобуската станица се поставени две големи монтажни бини, на кои наизмeнично, без временско совпаѓање, ќе се одвиваат концертите и диџеј сетовите.

Британските дарк-рок пионери „Систерс оф мерси“, реге легендите „Инер сиркл“ и Макс Кавалера со својот бенд „Соулфлај“ се најавени како главните ѕвезди на новата верзија на Д фестивал, кој ќе трае до 6 јули.

На двете бини, Главна и Москито, ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари. Најголемиот дел од програмата го сочинуваат домашните артисти, што ги вклучува „Архангел“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, „Љубојна“, „Паркети“, Пијан Славеј, „Мизар“ и Дина Јашари, од соседството доаѓаат „Буч Кесиди“ и „С.А.Р.С.“, а меѓу учесниците е и третопласираниот на годинашната Евровизија, Томи Кеш од Естонија.

Музичката програма почнува во 18 часот со диџеј Мана на бината Москито, додека на Главната бина од 19 часот ќе пее Драган Мијалковски во придружба на Битолски камерен оркестар.

━ повеќе содржини

Во Штип се отвора првиот фитнес клуб специјализиран за жени

На 12.03.2026 во Штип се отвора првата теретана за жени. "Her Fit - Progress" ќе биде место каде девојките од Штип ќе можат да...

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа објави Скопје1.мк

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По...

Војната на Блискиот Исток го менува светскиот туризам, побарувачката за европските дестинации нагло ќе порасне

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со...

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?

Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната...

Корисници го напуштаат ChatGPT и преминуваат на Claude

Многу корисници преминуваат од ChatGPT на Claude, но ги изненадуваат строгите ограничувања и дневните квоти. Ограничувањата на моделите Opus и Sonnet се дел од...
spot_img