23.3 C
Shtip
spot_img

“Чудо” на Нела Манческа заврши на седмото место на детскиот Евросонг

Франција ја освои победата на 23. издание на Детскиот Евросонг, додека Македонија со изведбата на Нела Манческа се пласираше на седмото место.

Нела настапи со песната „Чудо“ (Miracle) и го освои петтото место според жирито, додека во конечниот пласман, со гласовите на публиката, се најде на седмото место со вкупно 141 глас. „Miracle“ е авторски проект на продуцентот Лазар Цветкоски, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска (Ена-Цветкоска).

Досега најдобриот пласман на Македонија на Јуниор Евросонг е 5-то место, а девет пати сме завршувале на 12-та позиција.

Победничката Франција настапи со песната „Овој свет“ (Ce Monde), добивајќи 152 гласа од жирито и 96 од публиката. Победата на Лу во Тбилиси ја прави Франција најуспешна земја во историјата на натпреварувањето. Франција дебитираше на Детскиот Евросонг во 2004 година и досега има четири победи, вклучувајќи две последователни – во 2022 и 2023 година.

На второто место се пласира Украина со 177 гласа, додека третопласирана е Грузија со 176 гласа.

Оваа година во Тбилиси, Грузија, учествуваа натпреварувачи од 18 земји. За разлика од Евросонг за возрасни, победникот на Детскиот Евросонг не добива автоматско право да биде домаќин следната година, но во пракса победничката нација често има прва опција да го организира натпреварот.

Изданието на Детскиот Евросонг во 2025 година се одржа во Тбилиси, по победата на Грузија на натпреварот во Мадрид во 2024 година. Финалето се одржа на 13 декември во Олимписката палата, што го направи втор натпревар по ред што се организира во сабота.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img