14.4 C
Shtip
spot_img

Црвен крст ќе ги едуцира студентите на УГД за прва помош

Црвен Крст Штип во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитетското студентско собрание и медицинската студентска организација СОМА , ќе спроведат едукација за давање на прва помош кај студентите на УГД. Истата ќе се одржи на повеќе кампуси во неколку дена, каде ќе бидат опфатени сите факултети и академии при УГД.

Првата обука на Црвен крст ќе биде спроведена на 28.4.2025 (понеделник) од 14:00 часот во Кампус 2,  Амфитеатар 2 од страна на Прим д-р Мери Шорова. На обуката ќе бидат опфатени студентите од следните факултети:

  1. Факултет за информатика
  2. Земјоделски Факултет
  3. Машински Факултет
  4. Факултет за природни и технички науки
  5. Технолошко-технички факултет
  6. Електротехнички Факултет

Целта на оваа иницијатива е да се покрене свест за значењето на едукацијата на студентите и младите за правилно давање на  прва помош во ургентни ситуации. Правилната и навремена реакција може да биде од клучно значење за нечиј живот, а младите треба да бидат едуцирани за дејствување во ваквите ситуации.

Автор: Ирена Жежова

━ повеќе содржини

УТРЕ (21.МАЈ) СРПСКАТА ПЕЈАЧКА ГОЦА ТРЖАН ЌЕ ПЕЕ ЗА 30.РОДЕНДЕН НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Општина Карбинци својот 30-годишен јубилеј од постоењето ќе го одбележи со повеќе културни и спортски активности како и со настап на повеќе бендови и...

Ајкула од 2,5 метри се појави во плитко во Грција, посетителите во паника (видео)

Ајкула долга околу 2,5 метри се појавила во плитките води на плажата Лутра Ореас Еленис, во близина на Коринт, предизвикувајќи вознемиреност меѓу посетителите и...

ЧЕТИРИ ГРАДА САКААТ ДА БИДАТ ДОМАЌИНИ НА ЕВРОВИЗИЈА 2027 ВО БУГАРИЈА

Бугарија ги започна подготовките за организација на Евровизија 2027, по победата на младата пејачка Дара (фото) со песната „Бангаранга“ во Виена. Министерот за култура Евтим Милошев изјави за бугарската национална телевизија БРТ...

Во Штип денес се одбележа Денот на пожарникарите!

Денес, 20 мај, во ТППЕ Штип го одбележуваме Денот на пожарникарите на Република Македонија ден посветен на сите храбри мажи и жени кои секојдневно...

Златен Даб ја носи новата Limited Edition приказна!

На 21 мај (четврток) од 17:00 часот, „Makka Bar“ ќе стане местото каде што младите ќе искусат спој на дизајн, музика и урбана креативност,...
spot_img