23.3 C
Shtip
spot_img

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО НА РЕКОРДНО НИВО – Инвеститорите во исчекување на одлуката на американската централна банка

Околината со пониски каматни стапки, послабите економски податоци и тековната макроекономска неизвесност и геополитичките ризици дополнително ја зајакнуваат улогата на златото како диверзификатор на портфолиото, велат експерти.

Цената на златото за моментална испорака порасна за 0,9% на 3.508,73 долари за унца, надминувајќи го рекордот постигнат во април годинава. Од почетокот на годината цената на овој метал порадна за 30%.

Аналитичарите велат дека ова зголемување е поттикнато од очекувањата дека американската централна банка (ФЕД) ќе ги намали каматните стапки овој месец како и од новите податоците за инфлацијата во еврозоната.

-Инвеститорите ја зголемуваат својата изложеност на злато, особено сега кога се наближува намалувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви, што дополнително ги зголемува цените – изјави стратегот на UBS Group AG, Џони Тевес.

Се предвидува  дека златото ќе продолжи да поставува нови рекорди во наредните квартали.

– Околината со пониски каматни стапки, послабите економски податоци и тековната макроекономска неизвесност и геополитичките ризици дополнително ја зајакнуваат улогата на златото како диверзификатор на портфолиото – велат експерти.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img