24.3 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница перфектна – сеуште без пораз!

Членот на втората македонска фудбалска лига, штипска Брегалница игра одлично оваа сезона под водство на Влатко Костов, омилениот фудбалски стратег на штипјани.

После 9 одиграни кола, “плавите” се на првата позиција која директно води во прва лига, а на своето конто имаат 23 бодови и 7 победи и 2 нерешени средби, без пораз. Во саботата, нова победа, штипјани прокнижија во Големо Коњари каде истоимениот клуб го совладаа со 0:2 во една доминантна игра.

И во купот на Македонија, ФК Брегалница минатата седмица одигра одлично против прволигашот Работнички, но во пенал серијата немаше доволно среќа и загуби на пенали.

Во следното 9-то коло, во Штип гостува ФК Детонит Плачковица, екипа со високи амбиции, каде тренер е исто така уште еден штипјанец, долгогодишниот капитен и тренер на Брегалница – Горан Здравков.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img