23.2 C
Shtip
spot_img

УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ ИМААТ ЕДНА ГОДИНА ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ И ДА ГО СПРОВЕДАТ!

Министерот за здравство објави дека угостителските објекти ќе добијат рок од една година за да ги усогласат своите тераси со новиот закон за заштита од пушењето.

Foto: Pexels

Според предложените измени, терасите нема да мора да бидат отворени од три страни, туку ќе биде доволно да имаат отвореност од најмалку две страни. Во затворените простории, пак, пушењето ќе биде целосно забрането, вклучувајќи ги и електронските цигари.

Дополнително, се предвидува ограничување на продажбата на електронски цигари со различни вкусови – ваквите производи ќе можат да се продаваат само со неутрален вкус или со вкус на тутун. Се очекува законот да биде официјално донесен идниот месец.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img