20.6 C
Shtip
spot_img

Уапсен светски познатиот јутјубер: Пијан удрил полицаец пред клуб во Хрватска

Еден од најпознатите јутјубери во светот, Џон Влогс, беше уапсен на Хвар откако тој и неговите пријатели нападнале службено лице.

Тој е обвинет за учество во нарушување на јавниот ред и мир пред клуб, пишува Слободна Далмација.

Информацијата ја потврди неговиот адвокат Денис Кулушиќ:

– Да, можам да потврдам дека мојот клиент е лицето за кое зборувате и дека е уапсен под обвинение за принуда врз службено лице. Тој моментално е во полиција и тоа е сè што можам да ви кажам во моментов – откри тој.

Сè се случило ноќта од недела кон понеделник околу три часот наутро во клуб, во близина на полициската станица. Групата што била со Влогс наводно почнала да предизвикува проблеми во клубот, се соблекувале и кршеле чаши, поради што чуварите ги влечеле до излезот.

Полицијата дошла, а друштвото почнало да се потсмева на нив. Јутјуберот чие вистинско име е Луан Коварик удрил полицаец во око, по што бил приведен со уште тројца пријатели. Тројца полицајци претрпеле полесни повреди, а нивото на алкохол во крвта на јутјуберот било измерено повеќе од еден промил. Другите учесници во инцидентот исто така биле под дејство на алкохол, а највисокото ниво било кај еден со нив на алкохол во крвта од 2,2 промили.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img