29 C
Shtip
spot_img

Три танкери сепак поминаа низ Ормутскиот теснец

Додека Иран и САД сè уште не постигнуваат договор за пловидба низ Персискиот Залив, три танкери денеска сепак успеале да поминат низ Ормутскиот теснец, повикувајќи се на податоци од платформата за следење на пловидбата Кплер.

Според информациите, еден танкер со нафтени деривати испловил од Персискиот Залив, додека во спротивен правец поминале танкер за течен природен гас и уште еден брод што превезува хемикалии.

Иран повремено дозволува премин на бродови со наплата, додека американската страна ги блокира пловилата што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

И покрај овие ограничени движења, вкупниот поморски сообраќај останува речиси во застој, откако Иран по краткото отворање во петокот повторно го затвори теснецот, покажуваат податоците од системите за следење на пловидбата во реално време.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img