10.4 C
Shtip
spot_img

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа објави Скопје1.мк

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По интервјуто за Си-Би-Ес њуз, во кое Трамп изјави: „Мислам дека војната речиси се приближува кон крај“, цената на суровата нафта Брент падна на 90 долари за барел, што е за 30 долари помалку во споредба со претходната ноќ.

Тој исто така изјави дека Иран „нема морнарица, нема комуникации“, како и дека „нема ни воздухопловство“, истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се далеку пред првичната проценка според која војувањето требало да трае од четири до пет недели. Трамп додаде и дека се разгледува можноста САД да преземат контрола врз Oрмутскиот Теснец, клучен за глобалното снабдување со нафта и гас, кој во голема мера го блокира Иран.

Подоцна во понеделникот, на својата платформа Трут соушал, Трамп напиша дека Соединетите Американски Држави, доколку Иран преземе чекори со кои ќе го запре протокот на нафта низ Oрмутскиот Теснец, ќе „удрат дваесет пати посилно отколку досега“.

Стравот од нарушување на снабдувањето во понеделникот наутро ја подигна цената на суровата нафта Брент над 120 долари за барел, што е највисоко ниво од 2022 година. Сепак, сегашната цена и натаму е повисока од онаа пред почетокот на конфликтот, кога Брент се тргуваше по околу 70 долари за барел. објави Скопје1.мк

━ повеќе содржини

Во Штип се отвора првиот фитнес клуб специјализиран за жени

На 12.03.2026 во Штип се отвора првата теретана за жени. "Her Fit - Progress" ќе биде место каде девојките од Штип ќе можат да...

Војната на Блискиот Исток го менува светскиот туризам, побарувачката за европските дестинации нагло ќе порасне

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со...

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?

Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната...

Корисници го напуштаат ChatGPT и преминуваат на Claude

Многу корисници преминуваат од ChatGPT на Claude, но ги изненадуваат строгите ограничувања и дневните квоти. Ограничувањата на моделите Opus и Sonnet се дел од...

Кинески научници создадоа дрон со големина на комарец – нова технологија за тајно набљудување

Кинески научници развија минијатурен дрон со големина на комарец, наменет за тајни операции на надзор и извидување. Прототипот беше претставен во јуни 2025 година...
spot_img