31.7 C
Shtip
spot_img

ТЕШКА ЖИВОТНА ИСПОВЕД НА ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ: „ИМАВ ШТО ДА ЈАДАМ БОЛОЊЕЗЕ, ЛЕБ И МЛЕКО – ЗА МЕНЕ ТОА БЕШЕ ВАУ…“

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ зборуваше на својот мајчин јазик за емисијата „(Не)успех на шампионите – Златан Ибрахимовиќ“, емитувана на Арена Спорт, и притоа откри детали од својот живот и кариера за кои малкумина знаеле.

Фото: Profimedia
Фото: Profimedia

„Ако сум поинаков од другите – така ми е најдобро“, се опиша на почетокот на разговорот со една реченица популарниот Ибра, а потоа откри дека никогаш не би бил тренер.

„Ако некој бил голем играч, автоматски мисли дека може да биде и голем тренер. Тие две работи треба да се раздвојат. Кога сме на терен, јас имам победнички менталитет и кога не победуваме, како да не сум жив. Ова што го работам денес е поинаква ситуација. Тука сум, растам… Кога играч сака да стане тренер, треба да почне од нула. Но егото тоа не го дозволува“, изјави Ибрахимовиќ.

Гето во Шведска

Со доза гордост, Ибрахимовиќ зборуваше за своите почетоци.

„Роден сум во Малме. Го нарекуваат ‘гето’, но за мене тоа не беше така. Тоа беше мултикултурна средина. Татко ми е муслиман, а мајка ми католикинка“, започна Златан.

„На тренинг не одев со автобус. Првпат во животот се возев со зелениот автобус кога ме повика еден другар. Играв за помалиот клуб ‘Балкан’, а потоа отидов на проба во Малме. Од тогаш редовно се возев со автобус. Бидејќи немав пари за билет, понекогаш морав да користам велосипед.

„Имав што да јадам – тестенини, леб и млеко. За мене тоа беше ‘вау’. За други работи дури и не знаев. Мајка ми работеше како чистачка, а татко ми беше мајстор. Работеа по цел ден, а јас останував сам дома.“

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img