15.7 C
Shtip
spot_img

Стоби Флипс на Витаминка – број 1 бренд во Македонија за 2025!

Во рамки на годинешното издание на Valicon TOP BRANDS 2025, Витаминка е препознаена според индикаторите што ја дефинираат реалната сила на еден бренд на пазарот.
Истражувањето ги анализира ставовите и навиките на потрошувачите и ги рангира брендовите врз основа на доверба, користење и препознатливост. Присуството на Витаминка во ова рангирање претставува потврда дека компанијата и брендови што стојат позади неа имаат стабилна и релевантна позиција.
Како една од водечките компании во индустријата, Витаминка континуирано инвестира во развој на портфолиото, модернизација на производните процеси и јакнење на односот со потрошувачите. Ова признание доаѓа како резултат на таквата долгорочна стратегија.
Компанијата останува фокусирана на понатамошен раст, иновации и одржување на високите стандарди што ја одликуваат со децении.

Во првите 10 се уште и: Кока Кола, Вива сокчиња, Битолско млеко, Милка чоколади, Дивела тестенини, леб на Жито Лукс, Вегета на Подравка, Нескафе и Орбит гуми за џвакање.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img