33.4 C
Shtip
spot_img

Стартува прекуграничната обука за стратегија на зелената инфраструктура во Штип

Во тек е изградбата на трите парка во Општина Штип, кои се дел од проектот трансформирање на урбаните средини во зелена инфраструктура. Штип денес беше домаќин на прекугранична обука со претставници од општините Штип и Гоце Делчев, насочена кон креирање заедничка 10-годишна стратегија за зелена инфраструктура. Обуката е дел од проект за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, а на неа присуствуваат и претставници од јавниот сектор, невладини организации и јавни претпријатија. Целта е да се постави цврста методологија и визија за зелен развој, која ќе ги поврзе двата града рече директорот на источно плански регион Трајче Здравков.

,,Со меѓуграничната соработка помеѓу Р. Бугарија, општината Гоце Делчев и Општина Штип денес ќе се одржи една обука во рамките на проектот, каде што претставници на општините, невладиниот сектор и јавните претпријатија ќе имаат можност во рамките на овој проект да добијат информации за 10 годипната стратегија, која што треба да ја изработиме помегу двете општини. Целта на оваа обука е да се воспостави една методологија за зелена инфраструктура, која штои подоцна ќе прерасне во еден регионален 10 годишен документ како треба да се развиваат двете општини во поглед на зелената инфраструктура. Во рамките на Општина Штип веќе се започнати и изградбите на парковите, кои се дел од проектот, едниот е кај пешачќката патека во 8 ми ноември, додека другиот парк е кај медицинското училиште во градот.“, рече Здравков

Целта е што повеќе зелени површини во градовите, рече Здравков, додавајќи дека од овие работилници произлегуваат ваквите идеи.

Инаку сумата за целиот проект и во двете општини Штип и Гоце Делчев изнесува 860 000 евра, каде што се предвидени паркови, зелени површини, како и низа на обуки и работилни за креирање на решенија.

━ повеќе содржини

Приведен е легендарниот Дејан Савичевиќ!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, бил приведен од страна на полицијата. Своевремено еден од најдобрите играчи на планетата и ѕвезда на...

Масовни протести во Бугарија против воведувањето на еврото

Во Софија и други населби низ Бугарија, се одржаа демонстрации во знак на одбрана на бугарскиот лев. Учесниците на протестите бараат опстојување на државната...

БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА ПЕЈАЧКАТА АНА НИКОЛИЌ!

Една од најпознатите српски пејачки, Ана Николиќ (46), е брутално претепана. Српските медиуми јавуваат дека полицијата веќе е вклучена во случајот, а деталите за инцидентот...

Изгоревте на сонце: Два природни лекови се спас, но важно е кога ќе ги примените, а не веднаш

Претераната изложеност на сонце нема да ви ја направи кожата поубава и исончана, туку може само да ви направи дополнителен проблем – изгореници. Потоа...

„ОЕЈЗИС“ СЕ ВРАТИЈА НА СЦЕНА ПО 16 ГОДИНИ И ИМ СЕ ИЗВИНИЈА НА ФАНОВИТЕ ШТО ЧЕКАА ТОЛКУ ДОЛГО

Тоа беше моментот што фановите го чекаа 16 години, поточно 5.795 дена. Најголемите ѕвезди од ерата на бритпопот „Оејзис“ синоќа ја почнаа својата повратничка турнеја...
spot_img