20.9 C
Shtip
spot_img

Стапуваат во сила казни за пешаци и возачи со мобилни телефони и слушалки во сообраќајот

Пешаците кои преминуваат коловоз и во исто време разговараат на мобилен телефон, користат слушалки во двете уши, смарт-часовник или таблет, од денеска ќе бидат санкционирани. Истите правила важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл и четирицикл, кои според законот за време на управувањето не смеат да користат електронски уреди.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) информира дека од денеска стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се донесени со цел подобрување на безбедноста на најранливите категории учесници и намалување на бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимание.

„Новите законски решенија се воведуваат за да се елиминираат одредени навики кај пешаците и возачите на одредени категории возила. Така, со новиот закон се предвидува и дека возачот на електричен тротинет за време на управувањето не смее да користи електронски уреди како слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет или смарт-часовник, бидејќи тие го намалуваат вниманието, стабилноста и можноста за безбедно управување со возилото. Исклучок се специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитни шлемови,“ наведуваат од РСБСП.

Со измените се воведуваат нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот, при што пешаците, велосипедистите, возачите на електрични тротинети и другите учесници ќе мора да се движат и управуваат без користење електронски уреди што им го одвлекуваат вниманието.

РСБСП нагласува дека целта на измените е создавање побезбедни услови на патиштата, намалување на ризиците и заштита на човечки животи. Советот упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, потсетувајќи дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img