18.7 C
Shtip
spot_img

Скандалозно: Поранешната Мис Бугарија ја откри вистината за Цеца и бугарското знаме – „Цеца совршено добро го знае бугарското знаме, ова е смислен ПР потег“

Поранешната Мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, ја коментираше скандалозната сцена од концертот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што српската пејачка се појави завиткана во бугарското знаме. Според неа, Цеца сосема свесно го направила тоа.

Во гостување во утринската емисија „Претпладне“ на Бугарската телевизија (БТВ), Бакалова откри дека лично ја познава Цеца и дека во минатото соработувале.

Јас сум личноста што го организира нејзиниот концерт на стадионот „Васил Левски“ во 2007 година. Таа беше тука пет дена со своите деца – ја познавам лично и е прекрасна личност“, изјави Бакалова.

Сепак, таа ја доведе во прашање искреноста на Цеца во врска со неодамнешниот инцидент:

Нема шанси Цеца да не знаела дека го држи бугарското знаме! Таа совршено добро знае колку е деликатна темата за односите меѓу Бугарија и Македонија. Според мене, ова беше изнуден ПР-потег. Таа постојано се обидува да биде во центарот на вниманието и да направи реклама зад своето име“, изјави поранешната Мис. Бакалова додаде дека на концертот имало и бројни Бугари, што само го засилило интересот и тензијата околу моментот кој ги разбесни македонските фанови.

Музиката треба да обединува, а не да разделува. Живееме во 21. век – не е вообичаено ваквите спорови да дојдат до ова. Луѓето треба да ја почитуваат историјата и да престанат со омраза“, заврши Бакалова.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img