28.6 C
Shtip
spot_img

Скандал ја тресе Италија: 16 членови на Салернитана завршиле во болница после мечот со Сампдорија

Фудбалска драма со вкус на скандал во Италија. Сампдорија успеа да избегне историско испаѓање во Серија Ц, иако сезоната ја заврши на 18. место — позиција што директно води во понизок ранг. Тоа ќе беше првпат во историјата на клубот да падне толку ниско, но… судбината се вмеша.

Со одземање бодови на Бреша, Сампдорија доби „втор живот“ и заврши позиција погоре – доволно за плеј-аут меч против Салернитана. Првиот дуел заврши 2:0 за тимот од Џенова, но сè уште повеќе внимание привлече – она што се случи по натпреварот.

Италијанска “Gazzetta dello Sport” јави дека 14 членови на Салернитана завршија во болница поради труење со храна, а бројката подоцна се искачи на 16. Сѐ се случило по враќањето од Џенова, каде според извештаите, фудбалерите консумирале сомнителен „ланч пакет“ базиран на ориз.

Полицијата започна истрага, се испитува како и каде бил подготвен оброкот, и дали има елементи на намерна саботажа. Шок и неверување завладеа меѓу јавноста и медиумите, кои со право прашуваат – дали фудбалот сè уште се игра на теренот?

Сè е уште под истрага, но еден е факт – италијанскиот фудбал повторно е во центарот на драма и контроверзии.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img