5 C
Shtip
spot_img

Селтик во пол-позиција во трката за Миовски, Џирона бара 6 милиони евра за негова слобода

Британски „Дејли Рекорд“ пишува дека Селтик го засилува интересот за враќање на нашиот репрезентативец Бојан Миовски во Шкотска. По гласините дека шкотските гиганти Селтик и Ренџерс ќе се обидат да го вратат Миовски во шкотската Премиерлига, новинарот на „Дејли Рекорд“, Скот Бернс, пишува дека многу поголема веројатност е Селтик да го добие Миовски, отколку штипјанецот да заврши во дресот на Ренџерс.

Селтик е подготвен да вложи доста пати во засилувања ова лето, особено во нападот. Моментно, „зелено-белите“ од Глазгов се пред потпис со напаѓачот на Фулам, Калум Османд, но веројатно тој нема да биде единственото впечатливо засилување во тимот на Брендан Роџерс ова лето.

Џирона исто така е расположена за продажба на Миовски, но Шпанците ќе бараат најмалку 6 милиони евра за неговата слобода.

━ повеќе содржини

Кинески научници создадоа дрон со големина на комарец – нова технологија за тајно набљудување

Кинески научници развија минијатурен дрон со големина на комарец, наменет за тајни операции на надзор и извидување. Прототипот беше претставен во јуни 2025 година...

Штип не заборава: На 16.март на плоштадот “Ѕвездено небо за ангелите”

Штип на 16 март ќе биде обединет во тивка, но силна порака на сеќавање, почит и солидарност. Граѓаните ќе се соберат на градскиот плоштад...

Пациентите од Србија би можеле да ја примат руската вакцина против рак до крајот на годината

Пациентите од Србија би можеле да ја примат вакцината против онколошки заболувања, која ја развиле руски експерти врз основа на напредни технологии на mRNA,...

Алиу: За недела или две, ќе се потпише финансискиот договор за изградба на новата Клиничка болница во Штип

За најмногу две недели треба да се потпише договорот со цел да продолжи изградбата на шштипската Клиничка болница. Како што посочи министерот за здравство...

Штипјанец лажно се претставил како полицаец, одзел полициско возило и направил сообраќајка

Уапсен 46-годишник од Штип: лажно се претставил како полицаец, одзел возило, предизвикал незгода и нападнал полицаец Денес (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР...
spot_img