28 C
Shtip
spot_img

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2.810 лиценци и бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Тој најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и по име ќе бидат извадени сите носители на лиценци на кои ќе им бидат одземени, а за истото ќе бидат информирани надлежното обвинителство и МВР, за да можат тие, како што рече, да проверат од свој аспект.

Министерот Николоски информира дека во делот на градежништвото ќе бидат околу 430 лиценци, а ќе бидат испратени дописи и до сите засегнати страни кои работат со овие субјекти за да знаат дека тие веќе немаат лиценци.

Меѓу другото информира дека се прават контроли и во делот на патниот сектор – превоз на патници, автобуси, комбиња и итн, исто така превоз на стоки и внатрешно и меѓународно во делот на камиони.

Таму, рече Николоски, во моментот се прават испитувањата, но до вторник ќе има финални бројки.

– Најголема е бројката за изведувачи на градба од Б категорија, а тоа е се што не е врвен државен објект и станбени зградени, каде ќе се одземат 198 лиценци, рече вицепремиерот и министер за транспорт.

Николоски информира дека по итна постапка уште во вторник ќе бидат доставени законски измени, со кои овие контроли ќе станат облигаторни на секои шест месеци да мора да се прават, а исто така второстепеноста и третостепеноста, во рамки на одлучувањето нема да влијае на постапките за одземање на лиценца.

– Мојот предлог на измени на закон ќе биде жалбата да не го одлага извршувањето односно лиценцата веднаш се одземе, а после тоа да имаат право да се жалат. Оние кои ќе ја изгубат лиценцата најмалку една година нема да можат да аплицираат повторно. Доколку за било кој од нив, МВР или Јавното обвинителство утврди дека имале и кривични дела во рамки на своето работење, тогаш веќе настапуваат други органи и тогаш веќе има и кривична одговорност во нивното работење, изјави Николоски.

━ повеќе содржини

Универзитет “Гоце Делчев” во Штип денес ги промовираше новите декани по факултети

Ова се сите ново избрани декани на сите факултети и академии во склоп на штипскиот универзитет: 🌾Земјоделски факултет – проф. д-р Емилија Арсов⚡Електротехнички факултет –...

Ливерпул ќе го повлече дресот со број 20 во спомен на Жота

Ливерпул објави дека дресот со број 20 на клубот ќе биде повлечен од употреба по трагичната смрт на Диого Жота , кој го носеше бројот за време...

Инстаграм ќе им плати и до 20.000 долари на креаторите ако успеат да го направат ова!

Социјалната мрежа Инстаграм им нуди на избрани креатори на содржини во Соединетите Американски Држави до 20.000 долари за да ги привлечат луѓето кон апликацијата...

Опасна дрога се шири на Балканот: „Еден килограм може да убие до 500.000 луѓе“

Опасната дрога фентанил се шири сè повеќе на Балканот, особено во Бугарија. Се користи како замена за хероин, а стотици илјади луѓе починале од...

Штип е подготвен за почеток на новиот формат на Д-Фестивал!

Штип е подготвен од денеска да ги пречека илјадниците посетители на традиционалниот Д фестивал (The Festival), кој 14 години се одржуваше во Дојран, а годинава за првпат во Штип....
spot_img