33 C
Shtip
spot_img

Светот сè повеќе троши на војна: СИПРИ објави рекордни трошоци за 2024

Трендовите за вооружување што се сега актуелни особено по Украина а од неодамна и со конфликтот на Блискиот Исток за кои се верува дека ги зголемуваат шансите за избивање на скапи војни со потенцијал за ескалација, достигнуваат историски цифри кога станува збор за трошењето на државите за вооружување.

Имено, според последниот објавен извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), наведува дека глобалните воени трошоци на државите достигнале 2,72 трилиони долари во 2024 година, што е зголемување од 9,4 отсто во споредба со 2023 година и најголем скок од крајот на Студената војна.

Како што наведува институтот, порастот на геополитичките тензии довел до зголемување на трошоците за одбрана во сите региони. Најголем раст е забележан во Европа и на Блискиот Исток.

„Повеќе од 100 земји ги зголемија своите воени буџети во 2024 година“, соопшти СИПРИ.

Институтот предупредува дека фокусот на воената безбедност на сметка на други буџетски области може да има сериозни последици за општествата во иднина.

Војната во Украина и сомнежите за американската посветеност кон НАТО ги зголемија европските воени трошоци за 17 отсто, надминувајќи ги нивоата од крајот на Студената војна.

Русија потрошила 149 милијарди долари за одбрана, што е 38 отсто повеќе отколку во 2023 година и двојно повеќе отколку во 2015 година, што претставува 7,1 отсто од БДП и 19 отсто од вкупните државни трошоци.

Украина ги зголемила воените трошоци за 2,9 отсто, на 64,7 милијарди долари, што е 43 отсто од руските трошоци и 34 отсто од својот БДП – најголем удел во светот.

СИПРИ предупредува дека Украина моментално ги троши сите приходи собрани од даноците за потребите на војската, што значително го ограничува нејзиниот финансиски капацитет за понатамошно зголемување на воените трошоци.

Воените трошоци на САД се зголемиле за 5,7 отсто на 997 милијарди долари, што е 66 отсто од сите трошоци на земјите членки на НАТО и 37 отсто од глобалните воени трошоци.

Некои земји забележаа драматични скокови

Германија е една од земјите која го зголеми својот воен буџет за 28% на 88,5 милијарди долари, престигнувајќи ја Индија и стана најголемиот воен трошач во Централна и Западна Европа од обединувањето.

САД, најголемиот воен потрошувач во светот, го зголемија својот буџет за 5,7% на вкупно 997 милијарди долари, што претставува 37% од глобалните воени трошоци и 66% од вкупните трошоци на НАТО.

Во рамките на НАТО алијансата

Според СИПРИ 18 од 32 членки ја исполнија целта од 2% од БДП за воени трошоци, што претставува рекордно ниво од основањето на Алијансата. Во наредните години се очекуваат големи програми за набавка на оружје.

На Блискиот Исток

На Блискиот Исток предничи Израел со издвојувањето на средства за одбраната каде што според СИПРИ земјата ги зголеми воените трошоци за 65%, достигнувајќи 46,5 милијарди долари.

Од друга страна Иран, соочен со санкции, го намали својот воен буџет за 10%, на 7,9 милијарди долари.

Азија

Кина, која ги модернизира своите вооружени сили, киберкапацитетите и нуклеарниот арсенал, го зголеми воениот буџет за 7%, достигнувајќи 314 милијарди долари, а сега отпаѓа на половина од воените трошоци во Азија и Океанија.

Вложувањето во оружје, примарна инвестиција на повеќето држави

Експертите за контрола на оружјето стравуваат дека извештајот и најавите на Трамп може само дополнително да го зголемат стравот кај Русија и Кина, за тоа дека американската ракетна одбрана има цел за намалување на нивниот капацитет за одвраќање. Новите планови на Пентагон може да ги принудат овие држави да произведуваат нови проектили со капацитет за заобиколување на американската одбрана и да ја разгорат трката за вооружување.

Ова е динамиката на акција-реакција, која се случуваше во Студената војна и поради тоа завршивме со 60.000 нуклеарни боеви глави – оценува „Гардијан“.

━ повеќе содржини

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО ШТИП – КАМЕРИТЕ ЌЕ ГИ РЕГИСТРИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРЕКРШОЦИ!

Штип е следен на листата за воведување на системот „Безбеден град“ (Safe City). По Велес и Охрид, системот продолжува да се шири, а според...

Штипскиот тренер Антонио Доневски – Анте со нов ангажман на Малта!

Познатиот штипски фудбалски тренер Антонио Доневски - Анте има нов клуб на Малта - FC Mellieha! Ова е трет ангажман на Доневски на монденскиот...

Се нормализира водоснабдувањето во Штип!

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Поголем дел од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните кои што живеат во повисоките зони на...

101 година од „Палјачи“ – првата опера во Македонија која се одржала во Штип!

На 29 август 1925 година, во просториите на тогашниот Офицерски дом во Штип, се кренала завесата за операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало....

Благослов и молитва за почетокот на новата учебна година во Штип!

Со благослов и молитва за успешен почеток на новата учебна година, во Штип ќе се одржи соборна молитва – молебен за сите ученици, студенти,...
spot_img