15.6 C
Shtip
spot_img

Саем на мед на штипското шеталиште

Започна есенскиот саем на мед на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип. На десетина поставени штандови имаше придоден мед, но и други пчелни производи, здрави за граѓаните. Оваа година интересот беше значително зголемен, споредбено со претходните години, па имаше учесници од повеќе градови од Истокот.

„Презентираме квалитетен мед, ливадски, шумски, мед од мајчина душичка имаме полен, прополис. Имаме стопосто чист восок и мед во саќе.“ – вели Манев.

Медот е природен и здрав лек кој би требало постојано да се употребува и да биде дел од исхраната, велат пчеларите. На таков начин се намалува опасноста од болести.

„Ова е традиција на квалитетна и здрава понуда на квалитетен мед и пчелни производи, и убаво е граѓаните од прва рака да купуваат мед. Ззнаете која е разлкиката од мед и останатите производи кои се на база на благи супстнци, медот има живи ензими. Тие живи ензими го внесуваат кислородот до најситните клетки во човековиот организам и затоа луѓето што јадат мед се појаки и подобри и подобро се справуваат со сите болести и имаат подобар имунитет и подобар метаболизам.“ – вели Кировски.

Саемот трае 3 дена – 9. 10 и 11 октомври.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img