21.4 C
Shtip
spot_img

„РОЛИНГ СТОУНС” ГО НАЈАВИЈА НОВИОТ АЛБУМ „FOREIGN TONGUES” – ЛЕГЕНДИТЕ СЕ ВРАЌААТ СО СВЕЖ РОК ЗВУК!

Легендарниот рок бенд Ди Ролинг Стоунс официјално го промовираше својот 25-ти студиски албум со наслов Foreign Tongues, кој ќе биде објавен на 10 јули.

foto: printscreen/x/Variety
foto: printscreen/x/Variety

Новото музичко издание содржи 14 песни, а неговото објавување се совпаѓа со 64-годишнината од формирањето на бендот, кој важи за еден од највлијателните и најдолговечните состави во историјата на рок музиката.

Албумот беше претставен на специјален настан во Њујорк, каде членовите Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд прошетаа на црвениот тепих и разговараа со познатиот водител Conan O’Brien.

foto: printscreen/x/ABC
foto: printscreen/x/ABC

Првиот сингл од албумот, In the Stars, веќе е објавен дигитално, а големо внимание привлече и песната Rough and Twisted, која критичарите ја опишуваат како моќна блуз-рок композиција со препознатливиот звук на бендот од 70-тите години.

Насловната фотографија за албумот е дело на уметникот Нејтаниел Мери Квин и претставува необична комбинација од лицата на членовите на бендот во еден уметнички портрет.

На албумот гостуваат и големи музички имиња како Паул М Картни, Стив Винвуд, Роберт Смит и Чед Смит.

Ова е втор студиски албум на бендот по смртта на легендарниот тапанар Чарли Ватс во 2021 година. И покрај годините, членовите на бендот порачаа дека сè уште имаат неискористен материјал и дека не размислуваат за крај на музичката кариера.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img