11.8 C
Shtip
spot_img

Речиси две третини од Македонците купуваат онлајн – најмногу пазарат облека, обувки и модни додатоци

Македонските онлајн-купувачи се најактивни во модата и во плаќањето претплати за интернет и мобилни услуги, а мал дел на тој начин купуваат лекови, електроника и апарати за домаќинство, храна и пијалаци – покажува прегледот на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија, во кој се анализирани податоците од Евростат, за првото тримесечје од 2024 година.  

Според податоците, 63,2 проценти од македонските интернет-корисници купуваат онлајн, што ја позиционира земјата подобро од другите балкански соседи, освен Србија (65 проценти), но сепак под европскиот просек од 76,6 проценти.

Речиси 74 проценти правеле нарачки за облека, обувки и модни додатоци, што ја прави модата убедливо најдоминантната категорија, со што државата е над европскиот просек.

Само 7,7 проценти од македонските онлајн-купувачи нарачуваат лекови или додатоци во исхраната, како што се витамини, наспроти 48,3 проценти во Шведска и 36,6 проценти во Грција. Исто така, онлајн-купувањето електроника и апарати за домаќинство е исклучително ниско, само 2,3 проценти, а храната и пијалаците ги купуваат онлајн само 7,6 проценти од купувачите

За разлика од нарачките во категоријата мода, купувањето други производи од страна на македонските интернет-купувачи останува значително ограничено, односно 25,3 проценти купиле спортска опрема, 21,8 процент козметика, убавина или велнес-производи, мебел, 12,4 проценти домашни и градинарски производи, 11,4 проценти купиле компјутери, таблети, мобилни телефони или додатоци, а 9,1 проценти детски играчки и производи за нега на деца. Особено ниска е застапеноста на онлајн-купувањето кај средствата за чистење и лична хигиена (7,9 проценти), лековите и додатоците во исхраната (7,7 проценти), храната и пијалаците (7,6 проценти), како и електрониката и апаратите за домаќинство (2,3 процента).

Во делот на услугите, 44,1 проценти од онлајн-купувачите платиле интернет или мобилни услуги онлајн, речиси двојно повеќе од европскиот просек од 22,4 процента. Исто така 33,7 проценти платиле комунални услуги, исто така надминувајќи го европскиот просек од 13,2 проценти, 18,3 проценти од интернет-купувачите направиле резервација за транспорт, 15,5 проценти за хотели, а платените дигитални содржини остануваат слабо застапени, со само 1,4 процент претплати за музички стриминг.

Според Нина Ангеловска-Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија, покрај модата и услугите, постои значителен неискористен потенцијал за проширување на онлајн-понудата и во други категории производи.

„Македонските онлајн-купувачи се најактивни во модата и во плаќањето претплати за интернет и мобилни услуги, каде што онлајн-купувањето е над европскиот просек. Во другите категории, онлајн-купувањето е значително помалку застапено, што укажува на јасен простор за раст. На пример, само 7,7 проценти од македонските онлајн-купувачи нарачуваат лекови или додатоци во исхраната, како што се витамини, наспроти 48,3 проценти во Шведска и 36,6 проценти во Грција. Исто така, онлајн-купувањето електроника и апарати за домаќинство е исклучително ниско, само 2,3 процента, а храната и пијалаците ги купуваат онлајн само 7,6 проценти од купувачите“ – вели во писмена изјава Ангеловска-Станков.

━ повеќе содржини

Наскоро, за прв пат во Штип: Вински салон-фестивал!

Дека Штип е град со многубројни настани од сферата на музиката, спортот, културата се докажа многу пати досега. По пандан на многу европски метрополи,...

УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ ИМААТ ЕДНА ГОДИНА ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ И ДА ГО СПРОВЕДАТ!

Министерот за здравство објави дека угостителските објекти ќе добијат рок од една година за да ги усогласат своите тераси со новиот закон за заштита...

Ана Костадиновска, пратечки вокал на ДНК, сведочеше за трагдијата во “Пулс”: „Паднав во стампедото, настана хаос, силен мирис што нè тераше на спиење“:

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денес продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК.  Костадиновска раскажа дека трагедијата се случила...

ЖЕНА ДОБИ 10,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЛОТАРИЈА – ПА ГИ УДВОИ НА РУЛЕТ!

Замислете да освоите две лотарии во ист ден и да ставите во џеб 10,2 милиони долари. Токму тоа и се случило на една жена,...

ЈАПОНСКИ ИНОВАТОРИ СОЗДАДОА ЌЕСИ ОД КОМПИР КОИ СЕ РАЗГРАДУВААТ ВО ВОДА!

Компании во Јапонија развија биоразградливи кеси за купување направени од скроб од компир, кои се раствораат во вода и се распаѓаат без да остават...
spot_img