23 C
Shtip
spot_img

Репрезентативно засилување за ОК “Штип УГД”

Стојан Илиев е првото летно засилување во штипскиот машки одбојкарски табор. Станува збор за екстра квалитетен играч, кој редовно го носи репрезентативниот дрес. Илиев, иако е само 26 години, може да се пофали со богата клупска кариера, во минатото тој го носеше дресот на:  ОК Струмица, потоа во ОК Вардар, ОК Осијек (Хрватска), Каламата 1980 (Грција), Залау (Романија), Хапоел Кфар Саба (Израел), Еносис Анагениси (Кипар) и ОК Марсонија (Хрватска), од каде што доаѓа во таборот на штипскиот клуб.

Стојан Илиев игра на позиција примач и е висок 1,90м. Тој е првото во најавената низа засилувања за четата на Кристиан Ристески, кој напорно работи на креирање на ростерот кој ќе се натпреварува во претстојната сезона, во која Штип УГД ќе се проба и на меѓународна сцена, т.е. ќе настапи во Европскиот ЦЕВ Челинџ куп.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img