31.5 C
Shtip
spot_img

При претрес за дрога, полицијата затекнала дел од нив како конзумираат, биле опремени и за дилање – уапсени четири лица во Штип

При петрес во Штип пронајдена дрога и лишени од слобода биле четири лица.

Како што информираа од МВР, вчера (12.02.2026) во 01:00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.И.(56), С.И.(32), И.В.(38) и С.К.(37), сите од Штип.

При претрес во домот на Т.И., извршен со судска наредба, биле затекнати и лицата С.И., И.В. и С.К. додека користеле марихуана. Притоа, извршен е преглед на лицата и кај Т.И. биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, семки од растението канабис, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Кај С.К. беа пронајдени едно поголемо и едно помало пакување со марихуана, додека кај С.И., исто така, беше пронајдено и одземено едно пакување со марихуана.

При претресот, во друга просторија, бил затекната и А.М.(28) од Штип, но кај неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

„Лицата се задржани во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 215 и член 216 од Кривичниот законик“, посочуваат од МВР.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img