13.3 C
Shtip
spot_img

Почина Тоше Поп-Симонов, творецот на легендарната “На Велигден сум се заљубил”

Македонската музичка сцена остана без еден од своите најзначајни столбови – на 63-годишна возраст почина Тоше Поп Симонов, истакнат композитор, продуцент и аранжер, кој зад себе остави богат опус и генерации музичари кои ги инспирираше.

Поп Симонов беше редок авторски дух чие творештво не познаваше жанровски граници. Својата кариера ја започна во 1980-тите како гитарист и коосновач на култниот бенд „Бастион“, а подоцна беше дел и од рок-групата „Асторија“. Токму преку тие музички корени се обликува неговиот уникатен сензибилитет кој подоцна го внесе во поп, рок и дури и фолк-музиката, давајќи им препознатлив звук на некои од најголемите хитови во 1990-тите.

Неговата авторска и продукциска палета е втисната во музичките кариери на речиси сите големи имиња од домашната сцена. Под негово менторство или перо се создадени песни како:

– „На Велигден“ – Џина Папас Џокси

– „Време за плачење“ – Игор Џамбазов

– „Се ла ви“ – Јаков Дренковски

– „Кучкин син“ – Верица Пандиловска

– „Кучето мое“ – Студени нозе

Џокси во едно од неговите интервјуа откри како заедно со Тоше на грчкиот остров Крит ја создале познатата песна „На Велигден“.

Тој е заслужен и за поддршката и промоцијата на млади уметници, меѓу кои се издвојуваат Ена Веко и бендот „Студени нозе“, кои со негова помош влегоа во фокусот на јавноста.

Поп Симонов беше и ценет соработник на бројни уметници – од Тоше Проески, Владо Јаневски и „Меморија“, до „Мизар“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, како и многу други изведувачи кои оставиле трага на домашната и балканската сцена.

Погребната церемонија ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на Градските гробишта во Бутел, со почеток од 11:30 часот.

Музичката сцена изгуби човек чие име ќе остане запишано со златни букви во историјата на македонската уметност. Неговата музика, пак, ќе продолжи да живее – во спомените, во радиобрановите и во срцата на сите кои некогаш ја запеале или засвиреле. 

━ повеќе содржини

Тајната на црните точки на шофершајбната: Мал детал со голема улога што многумина не го знаат

Малите црни точки долж рабовите на шофершајбната со години се дел од секој автомобил, но за нивната вистинска функција малкумина возачи знаат. Во последниот...

Денес е ден за финале! ОК Штип УГД против ОК Борец ја отвора финалната серија во СЦ Јордан Мијалков

Денес, со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар Јордан Мијалков се игра првиот меч од финалната серија "подобар до 3" во првата машка...

“Марш на ангелите” во сабота во Штип!

За првпат оваа сабота, Маршот на ангелите ќе се одржи во Штип. Родителите на загинатите ги повикаа сите кои што имаат чувство да им...

53-годишна жена од Штип забремени по 23 години борба и 7 неуспешни ин витро обиди

По повеќе од две децении неизвесност, бројни обиди и седум неуспешни ин витро процедури во други здравствени установи, една 53-годишна жена конечно ја доби...

„Бурџ Ал Араб“ привремено СТАВА КЛУЧ НА ВРАТА

Еден од најпрепознатливите хотели во светот, култниот „Бурџ Ал Араб“ во Дубаи, привремено ќе ги затвори своите врати поради обемен проект за реновирање кој...
spot_img