26.5 C
Shtip
spot_img

Почина 24-годишниот Стојанче Стефанов – дискотеката „Пулс“ ја однесе 62. жртва

Министерството за здравство денеска соопшти дека, според информациите добиени од Воено Медицинската Академија (ВМА) во Белград, претпладнево почина Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година.

Стефанов беше еден од најтешко повредените во трагичниот пожар кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кој досега однесе 62 животи.

„Станува збор за пациент кој уште од првиот ден беше во критична состојба и веднаш беше транспортиран на лекување во ВМА – Белград. Беше интубиран и се наоѓаше на апарат за ЕКМО (екстракорпорална мембранска оксигенација), заради сериозните повреди на дишните патишта и вдишаниот чад“, информираат од Министерството.

Стефанов имал 27% изгореници и сериозни компликации, поради што неговата состојба останала нестабилна целиот период од хоспитализацијата. Беше опериран на 4 април, но, за жал, не успеа да се избори со последиците од повредите.

Министерството за здравство изрази најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и сите засегнати од оваа голема трагедија.

━ повеќе содржини

Збогум на тоалетната хартија! Новиот тренд „вошлети“ станува хит во светот

Заборавете на обичната тоалетна хартија, бидејќи сè повеќе земји во Европа се свртуваат кон решение кое е стандардно во Јапонија со години. Зборуваме за...

Денес почна исплатата на исплатата на правата од социјална и детска заштита за јули

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025...

Обвинителството отвори истрага за скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

По синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Шкендија и Карабах, одржан на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка поради скандирања со...

80 години од атомската бомба кај Хирошима

Темниот звук на ѕвоното во меморијалниот центар во Хирошима го потсети светот на најцрните сенки во историјата на човештвото. Одбележани 80 години откако „малото...

Историски ден за македонскиот фудбал: Конечно пристигна ВАР

За првпат во историјата на македонскиот фудбал, од новата сезона ќе почне да се применува ВАР системот во Првата македонска фудбалска лига. На свеченост во...
spot_img