Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски во Росарио.
Таткото на аргентинската легенда почина на 68-годишна возраст во клиника во Росарио по долго боледување. Меси беше исклучително близок со својот татко.
Од Њуелс олд бојс, па сè до заминувањето во Шпанија, Хорхе Меси беше покрај својот син во секој важен момент од неговиот развој, поднесувајќи ги потребните жртви за да му овозможи на Лионел да го следи својот фудбалски сон.
Откако ја дознал трагичната вест, Меси веднаш ги прекина професионалните обврски со Интер Мајами и се врати во родниот град за да биде со семејството.
Погребот беше особено болен момент за светскиот шампион, кој оттогаш одлучи да остане покрај своите најблиски, без да поставува рок за враќање на фудбалските терени.
Неговата одлука добива дополнителна тежина во момент кога веќе започнаа да се поставуваат прашања околу продолжението на неговата кариера.
Според информациите на „Добле Амарила“, Меси ги ставил професионалните обврски во втор план за да им даде поддршка на своите најблиски во овој исклучително тежок период.
И „АС“ потврдува дека ѕвездата добила дозвола од Интер Мајами да отсуствува од тимот на неопределено време.







