24.4 C
Shtip
spot_img

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Кочани – Виница

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница, во атар на Виница.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.

– Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.  Додека, со телесни повреди се здобиле, возачот на патничкото возило „фолксваген туран“ Ј.Т. и сопатниците од двете возила Г.Д.(65) од Штип и Ж.П.(58) од с.Истибања, виничко, констатирани во Општа болница Кочани, додаваат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница. 

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img