По повод Светската недела за борба против Глауком, Одделот за очни болести при ЈЗУ Клиничка болница – Штип, во соработка со Катедрата по офталмологија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Медицински факултет, организира активности за подигнување на свеста и рано откривање на ова заболување.
Во рамки на одбележувањето, на 13 март 2026 година (петок), во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе се врши бесплатно мерење на очен притисок на два пункта во Штип.
Првиот пункт ќе биде поставен во холот на Здравствен дом „д-р Панче Караѓозов“, додека вториот пункт ќе биде во Кабинетот по оптометрија кој се наоѓа во зградата на текстилното училиште.
Поканети се сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за бесплатно мерење на очниот притисок, со цел навремено откривање и превенција од глауком.







