Пациентите од Србија би можеле да ја примат вакцината против онколошки заболувања, која ја развиле руски експерти врз основа на напредни технологии на mRNA, до крајот на 2026 година
доколку брзо се потпише договорот меѓу министерствата за здравство на Русија и Србија, изјави министерот на Владата на Србија задолжен за меѓународна економска соработка, Ненад Поповиќ
„Пациентите од Србија, заедно со пациентите од Русија, ќе бидат меѓу првите што ќе ја примат вакцината против рак, која руската страна планира да започне да ја администрира веќе оваа година. Доколку првите пациенти во Русија ја примат вакцината во мај, а договорот за соработка меѓу министерствата за здравство на Русија и Србија биде оперативно потпишан, се очекува првите пациенти во Србија да можат да ја примат оваа подготовка до крајот на оваа година“, изјави министерот без ресор, според медиумите во соседството.







