23.3 C
Shtip
spot_img

“Парада на гордоста” на 21.јуни во Скопје

Парадата на гордоста во 2025 година ќе се одржи во Скопје на 21. јуни со паролото „Ќе (оп)стоиме заедно“.

Парадата ќе се одржи без концерт, туку ќе има протестен марш. Организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија велат дека ваквиот потег доаѓа поради тоа што „образовниот систем го брише секое споменување на нивните идентитети“.

„Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни, тие се последица на институционален срам и молк. Наместо заштита, образовните политики нудат невидливост. Наместо грижа – негирање. И токму затоа ќе застанеме пред Министерството за образование, гласни и непокорни, затоа што младите заслужуваат“, вели активистот Стефан Петровски.

Маршот тргнува од паркот Жена-борец во 18 часот, а потоа после собирањето на учесниците и кратки говори, во 19 часот ќе почне протестот по скопските улици.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img