20.5 C
Shtip
spot_img

ОД 1 МАРТ ПУШЕЊЕТО СТАНУВА СКАП ЛУКСУЗ: ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ЧИНАТ КАЗНИТЕ! ЗАБРАНА ЗА ПУШЕЊЕ И ВО ПРИВАТНИ ВОЗИЛА АКО ВО КОЛАТА СЕ НАОЃА ДЕТЕ!

Македонските власти најавија нов закон со кој целосно ќе се менуваат правилата за користење на тутун и никотински производи, вклучително и електронски цигари.

фото: Pixabay

Законското решение, кое треба да стапи на сила од 1 март 2026 година, има за цел драстично да ја намали високата стапка на пушачи во земјата, која моментално изнесува 45%.

Според предлог-законот, се забранува продажба на производи со овошни, билни, ментолови или слатки вкусови. Пушење ќе биде строго забрането во сите затворени простории, рестораните, кафулињата и јавните објекти, а посебно внимание се посветува на приватните возила – каде пушењето ќе биде забрането ако во колата се наоѓа дете.

Достапноста на цигарите и електронските уреди во продавниците исто така се ограничува: тие ќе мора да се чуваат во затворени шкафови, а цените ќе бидат видливи само преку листа.

фото: Pixabay

Контролата ќе ја вршат повеќе инспекции, вклучително пазарниот, санитарниот и трудовиот инспекторат, како и полицијата. Глобите за физички лица ќе се движат од 150 до 300 евра, а за правни лица од 2.000 до 5.000 евра, со можност за привремено затворање на објекти до три месеци.

Министерството за здравство образложува дека мерките се неопходни поради огромните трошоци за лекување болести предизвикани од пушење, кои годишно изнесуваат стотици милиони денари.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img