23.6 C
Shtip
spot_img

Новото правило прв пат употребено во Бразил, неверување на лицето на голманот кој го прекрши

На натпреварот од бразилската Серија Би помеѓу Пајсанду и Атлечику, голманот на гостите Микаел задржуваше време на крајот од натпреварот и ја држеше топката 13 секунди, поради што судијата досуди корнер за домашниот тим.

Тоа предизвика неверување кај фудбалерите на двата тима, а пред сѐ на лицето на голманот Микаел, што може да се види на видеото во прилог на текстот.

Сето ова се случи кога гостите водеа со 2:1 на крајот од мечот, а задржувањето на топката од Микаел им помогна на гостите да дојдат до три бода без разлика на досудениот корнер против нив.

За потсетување, ова е правило според кое голманот не смее да ја држи топката во рака повеќе од 8 секунди, а доколку тоа се случи тимот ќе биде казнет, ​​односно на ривалот ќе му биде досуден корнер.

Според новото правило, голманот наместо 6, ќе може да ја држи топката 8 секунди, но судијата ќе ги брои секундите.

По истекот на првите 3 секунди, судијата ќе биде должен да ја крене раката и да ги изброи последните 5 секунди со прстите.

Ако голманот не ја испушти топката од рацете, судијата ќе ја додели топката во корист на противничкиот тим, односно корнер, што се случи во наведениот пример.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img